Меџити до Таравари: И со ДУИ и во Влада не штима
И со ДУИ и во влада не штима , вицепремиерот Меџити повторно го повика Таравари да одлучи како ќе дејствува. Иако вели владата е стабилна, најголем проблем останува Таравари. Дали ќе биде исклучен од владата ќе биде јасно по средбата со премиерот Мицкоски по првомајските празници.
Без многу детали средбата Мицкоски Тараври ја потврди и владината прес служба.
Таравари и вчера не се појавил на редовна владина седница, но неговиот сопратиец Фетаи бил таму. Од Алијанса тврдат, остануваат во влада и соработката продолжува. .
За партнерите од Вреди Таравари е завршена работа, откако оценија дека сам се исклучил од коалицијата, по одлука за самостоен настап на изборите. Фокусот го префрлаат на формирањето нова партија со која ќе ја трчат изборната трка наесен. Меџити потврди дека и неговото име се споменува како лидер на новиот политички субјект.
Меџити, Касами и Ибрахими веќе договорија дека во трката да добијат глас повеќе на локално ниво, влегуваат заеднички со свои кандидати и за советници и за градоначалници.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар