Македонија
26. March 2025 - 12:24
Заглавени возила кај Галичица
Три дена со ред планинарската спасителна служба интервенирала на извлекување заглавени возила на превојот Баба на Галичица.И покрај сите апели и забраната на овој патен правец спасителите пред само неколку дена евакуираа две лица од Чешка кои со нивниот кампер се заглавиле на подрачјето на Националниот парк.
Од Планинарската спасителна служба се надеваат дека метео условите за брзо повторно ќе бидат поволни, а патниот правец прооден за возила.
Од почетокот на годината до сега спасителите немале посериозни интервенции освен на заглавени возила без некои повредени или загинати лица.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->