Loading Video...
Свет
14. March 2025 - 16:55

Преглед на вестите од светот

Вечерва во Белград ќе пристигнат студентите, средношколците  и просветните работници кои пред неколку дена тргнаа пеш од повеќе градови во Србија за да учестуваат на утрешниот протест против корпуцијата и непотизмот во власта.

Протестот го организираат студентите кои веќе неколку месеци блокираат факутлети низ земјата, a ќе се одржи пред Собранието на Србија, во близина на Пионерскиот парк. Таму пак веке неколку денови кампува друга група студенти кои се проитв блокадата на универзитетите.

Српскиот престедател Вучиќ  ги замоли да го напуштат паркот и да се вратат откако ќе заврши протестот на студентите во блокада. Вучиќ изајви дека очекува опозицијата да органаизира насиството на утрешните протести и нагласи дека секој што ќе учестува во тоа ќе одговара. 

Во врска со утрешниот протест во главниот град на Србија, денеска Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград издаде безбедносно предупредување за своите државјани.

- Во Белград се очекуваат голем протести со вкупен број учесници кој може да достигне стотици илјади.Избегнувајте толпи и држете се настрана од протестот, се наведува во известувањето за американските граѓани објавено на веб-страницата на амбасадата.

Протестите во Србија органзаирани од студентите во блокада траат веќе четири месеци и на нив се бара казна за одговорните за падот на настрешницата на железничката станица во Нови САД како и поголемо владеење на правото во државата. Нивните барања ги поддржуваат дел од просветните работници, адвокатите, како и дел од земјоделците и културните работници.

Рускиот претседател  Путин во Москва разговараше со американскиот претставник Стив Витиков за предлогот на САД за 30 дневно примрије со Украина. По завршуавње на средбата, Кремљ само обајви дека Путин преку Витков испратил порака до Трамп за предлогот и дека има некои детеали кои двајцата престедатели треба да ги разгледаат заедно. Откако Витков ќе го информира Трамп, ќе биде орагзаиран телефонски разговор помеѓу Путин и Трамп информираше портпаролот на Кремљ. 

Откако г-дин Витков ќе му ги пренесе на шефот на државата сите информации добиени во Москва, тогаш ќе го одредиме времето на разговорот. Има разбирање од двете страни дека таков разговор е неопходен. Се разбира, постојат причини да се биде внимателен оптимист. слушнавте вчера многу важна изјава на претседателот Путин. Одоговарајки на новинарско прашање, тој рече дека ја поддржува позицијата на претседателот Трамп за договор, но изнесе некои прашања на кои треба заеднички да одговорат.  

Украинскиот претседател истакна дека Москва поставува услови и нема намера да запре со борбите.

- Тој всушност подготвува отфрлање на предлогот моментов. Путин, се разбира, се плаши директно да му каже на претседателот Трамп дека сака да ја продолжи оваа војна, дека сака да убива Украинци“.„затоа во москва ја наметнуваат идејата за прекин на огнот овие услови, за да не се случи ништо или да не може да се случи што е можно подолго“

Американскиот претседател Трамп пак информршае дека вчера имал многу добар и продуктивен телефонски разговор со неговот руски колега и рече дека има големи шанси војната конечно да заврши.