Преглед на вестите од светот
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е хоспитализиран во Вашингтон откако разви треска, изјави неговиот главен помошник за Ен-би-си Њуз. 78-годишниот Клинтон беше примен во Универзитетската болница „Медстар Џорџтаун“ на тестирање и набљудување откако му се покачи температурата“, рече Анхел Урења, заменик шеф на кабинетот на Клинтон. Извор близок до поранешниот претседател изјави дека ситуацијата „не е вознемирувачка“.
Дождот и ветерот не ја спречија албанската опозиција во понеделникот да го одржи најавениот протест на "граѓанска непослушност", со марширање и блокирање на пет главни улици во Тирана, на кои два и пол часа беше парализиран сообраќајот. На протестот учеството беше помало споредено со претходните протести, но за првпат по една година присуствуваше и демократскиот лидер Сали Бериша. Тој најави " непослушност во секоја можна форма". Диктаторите се уриваат или со оружје или со непослушност, порача Бериша. Протестите се организраат против политиката на Еди Рама. Опозицијата не доби дозвола од полицијата на барањето за блокирање на улици, бидејќи тоа се смета за кривично дело. Полицијата преку мегафон апелираше да се ослободат улиците за нормално одвивање на сообраќајот, но учесниците не се повлекуваа, полициските службеници се обидоа да ги растераат, по што дојде до судир, но брзо ситуацијата се смири. Според полицијата има приведени, поради насилно однесување.
Граѓаните на Загреб се приклучија на прошетката за безбедност на училиштата организирана од хрватските училишни синдикати во понеделникот откако седумгодишно дете беше убиено од напаѓач со нож во напад на основно училиште. Според организаторите прошетката -- која не беше политичка и без транспаренти и говори -- требаше да испрати порака за безбедноста на училиштата до хрватските политичари.
Напаѓачот избоде пет лица, ранил четири и убил едно дете. Осомничениот подоцна се самоповредил и бил приведен.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар