Македонија
6. December 2024 - 16:55
„Да не знаеш кој е Свети Климент Охридски, е како да не се познаваш себеси“
„Ако не знаеш кој е Свети Климент Охридски, е како да не се познаваш себеси“. Академската фела во пресрет на големиот државен празник алармира од неопходноста за спроведување на крупни промени во образовниот процес, поради лошите резултати за писменоста на македонските ученици, на бројните тестирања.
Националната универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Скопје, денеска го прослави и своето осум децениско постоење. Не остана незабележан покривот кој прокиснуваше на повеќе места. Директорот на установата во својот говор посебно ја акцентираше системската негрижа за објектот во изминатите години. За десет години, се вработиле само четворица, а во пензија си заминале над 60 лица.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->