Македонија
4. December 2024 - 21:22

Нехумани услови во домот Пелагонија

Сместување за само за 3,695 ден месечно. Неверојатна понуда во која честопати ќе снемате струја, ќе мора да делите лифт со други 1.000 студенти, но бидете подготвени и да најдете по некој инсект во дневните оброци кои ги добивате за оваа цена. Не е лесно да си студент, а да престојуваш во Пелагонија. 

Домот конечно доби директор, а утре студентскиот врв ќе се сретне со новото раководство за да се пожали дека наместо испити, студентите  подготвуваат тенџериња со топла вода за да се избањаат. 

Ариана Даци која на директорската фотелја седна пред две недели, ја дочека долг од 34 милиони денари, блокирана сметка и бесни студенти. Директорката за Сител вели дека во овие две недели работите конечно се мрднале од мртва точка. Тврди дека проблемот со водата засега е решен, но тој е децениски и повторно се очекува да се повтори.

Според директорката треба да се зголеми и цената која ја плаќаат студентите за престој во Пелагонија, за да се овозможат подобри услови за децата.

„Пелагонија“ работеше без директор речиси еден месец, откако последниот во октомври поднесе оставка и не беше назначен нов в.д.