Пет лица се повредени во украински напад со дрон врз железничката станица во регионот на Курск
Пет лица се повредени во украински напад со дрон врз железничката станица во регионот на Курск, соопштија руските власти. Нападот се случува еден ден откако беше погоден центарот на украинскиот град Чернихив, при што имаше жртви и ранети. Претседателот Зеленски од се закани дека се преземат одмазднички акции поради рускиот напад. Во меѓувреме британски Телеграф пренесува дека Кина ја наоружува Русија со дронови и муниција, иако Пекинг негира каква било поврзаност со војната во Украина. Според истражувата на британскиот весник пратките на дронови се испраќаат преку кинески компании за играчки. Во исто време Киев соопшти дека украинските воени пилоти почнале со заедничка обука со американските колеги на борбените авиони Ф-16.
Словенија најави полесни процедури за вработување странски државјани со цел да се санираат последиците од поплавите кои во август предзвикаа огромни штети . Словенечките министерства веќе прават список на професии кои ќе бидат потребни за таа цел. На странците кои ќе се пријават да работат во загрозените подрачја , агенцијата за вработување ќе треба да им издаде дозвола за работа во рок од десет дена за да можат веднаш да стартуваат.
3 000 следбеници на Универзалноот бело братство се собраа на планината Рила, за да го прослават своето братство, кое се темели врз почитување на христијанството и индискиот мистицизам. Ритуалот кој го изведуваат секоја година во август е посветен на поврзувањето со вселенската енергија. Цел е да се постигне духовна хармонија преку музиката и играта.
Основач на ова култно движење кое беше забрането во време на комунизмот е бугарскиот филозоф и духовен водач, Петер Данов, познат како Беинса Дуно.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар
