Loading Video...
Свет
19. August 2023 - 16:30

Буркина Фасо и Мали распоредија воени авиони во Нигер

Воените режими на Мали и Буркина Фасо испратија воени авиони во Нигер за да и помогнат на хунтата која ја презеде власта во таа земја во случај да биде нападната од блокот западноафрикански земји Ековакс.

Блокот од 15 земји, со седиште во Гана, бара од пучистите веднаш да го вратат соборениот претседател Мухамед Базум или воено ќе интервенираат во Нигер. САД, ОН, ЕУ и поранешната колонијална сила Франција која токму од Нигер се снабдува со ураниум го осудија воениот пуч што се случи минатиот месец. Русија пак предупреди дека секаква воена интревенција ќе го дестабилизира регионот и повика на преговори.

Кипарските Турци ги нападнаа мировниците на ОН кои им попречија во изградбата на пат, во подрачјето кое по контрола на мисијата на светската организација. Патот требало да поврзува две села, од кое едно во турскиот дел на островот со село во меѓузоната во која живее мешано население. Во тепачката дел од мировниците од Велика Британија и Словачка се здобија со повреди. Ова е само еден од серијата инциденти кои во последно време ги креваат тензиите на поделениот остров.

Шумски пожари беснеат во шумите над крајбрежниот појас во  Албанија. Десетици хектари земјиште се опожарени, а полицијата уапси две лица под сомнение дека го подметнале пожарот. Според медиумите, уапсените биле селани кои сакале да го расчистат теренот за сеидба, но пота поради силниот ветер не можеле да го изгаснат огнот. Полицијата апелираше до фармерите да не ја палат тревата и губрето, особено не на високите температури. И на шпанските Тенерифе уште трајат пожарите. Иако интензитетот на огнената стихија се намалува во воздухот има висока концентрација на чад и слаба видливост.

Новата варијанта на коронавирусот, која има голем број мутации, досега се појави во четири земји – САД, Велика Британија, Данска и Израел. Научниците се во состојба на готовност, истражувајќи до каде е раширена новата варијанта и како таа реагира на антителата.

Новата варијанта на коронавирусот, наречена „пирол“ на социјалните мрежи, има повеќе од 30 мутации во споредба со најблиската претходна форма, подваријанта на сојот омикрон.

Светската здравствена организација (СЗО) во четвртокот го назначи BA.2.86 како „варијанта под надзор“, што значи дека земјите треба да ги следат и пријават сите мутации што ќе ги откријат.