Заев: Новите градоначалници ја трошеа енергијата за да најдат начин да ги враќаат долговите
„На трибините од караванот ‘Најдоброто за нашата општина’, ќе го презентираме досега сработеното, но имаме намера да го слушнеме и вашиот глас. Да кажете отворено од што сте задоволни, што сметате дека треба да се промени, што сметате дека во иднина треба да се направи. За нас зборот е збор. Она што вие сметате дека е најдобро за вашата општина, тоа ќе се најде во програмата за локалните избори, тоа и ќе се реализира“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина „Најдоборото за нашата општина“ во Скопје.
„Вашиот глас е слушнат и уважен, за тоа гарант е СДСМ, без разлика кој ќе биде нашиот кандидат во било која општина. Во изминатите четири години сторивме многу, поставивме високи стандарди на одговорно, чесно и транспарентно водење на централните институции но и на општините,“ кажа Заев.
Тој додаде дека многу општини ширум државата се трансформираа на подобро и дека забележан е сериозен развој и напредок во локалните самоуправи.
„Долги години општините тонеа во долгови, новите градоначалници ја трошеа енергијата за да најдат начин да ги враќаат долговите. Решивме да им излеземе в пресрет и како Владата обезбедивме 50 милиони евра, средства за општините. Секоја општина доби неповратни средства за да покрие 51% од пријавените долгови. Тоа многу ја олесни работата на градоначалниците и тие се посветија на проекти и планови за развој на локалните самоуправи“ потенцираше премиерот Заев.
Ново на Сител
-
Скопјанец нападнат од две лица по расправија со негова колешка во спортска обложувалница
-
Возачката му била одземена во странство, пријавил дека е изгубена - Кривична пријава за лажна изјава
-
Кривична пријава за лице од Гостивар кое ја демнело поранешната партнерка
-
СЗО евакуира 41 дете и 145 придружници од Појасот Газа
-
ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори
-
Мециновиќ: Левица е обединувачка политичка сила за Скопје
-
Герасимовски со план во 10 точки за справување со кризата со отпадот
-
Мисајловски: 23 Октомври нè потсетува на највозвишените идеали – слобода, самобитност, патриотизам и љубов кон татковината