Loading Video...
Спорт плус
29. јуни 2019 - 16:59

Квартараро ќе стартува од пол-позицијата во Асен, Лоренцо задржан во болница по тешкиот пад

Фабио Квартараро на Петронас Јамаха ќе стартува од пол-позицијата за трката за ГН на Холандија. Тој денеска имаше најдобро време во квалификациите и успеа по третпат сезонава да се избори за првото стартно место. 
 
Французинот кој е дебитант во најсилната класа, во денешните квалификации постави нов рекорд на патеката во Асен, а стана и најмладиот возач кој двапати по ред има пол-позиција на официјална трка во кралската класа.
 
Зад него од второто и третото стартно место трката ќе ја почнат Шпанците, Маверик  Виљалес од тимот на Јамаха и Алекс Ринск од Сузуки. 
 
Денешните квалификации ги одбележа и тешкиот пад на искусниот 32-годишен Шпанец, Хорхе Лоренцо. Според информациите Лоренцо е задржан во болница за понатамошни испитувања, а првите сомнежи на докторите се дека има повреда на р’бетот. 
 
Трката за ГН Холандија ќе се вози в недела со почеток од 14.00 часот.