Македонија
14. јуни 2021 - 21:48

Николовски: Први сме во промените, додека ВМРО-ДПМНЕ остана изолирана, криминална и партија без политики и идеи

„Први сме во промените, воведовме половина мажи половина жени на листите, први сме во дигитален конгрес, први сме во многу работи и затоа први ја започнавме оваа камапња. Да ги прашаме граѓаните што да стои во програмите за нивните општини. Додека ние тргнуваме во оваа кампања, на овие трибини, од другата страна ја имаме ВМРО ДПМНЕ, изолирана партија, криминална, без политики и без идеји“ рече вицепремиерот и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Прилеп.

Тој додаде дека СДСМ има концеп, визија и луѓе кои знаат да одржат лекции и да се адаптираат на потребите на граѓаните.

„СДСМ не е застанат, одржавме лекција како се создава политичка партија и како се реформире и се адаптира на потребите на граѓаните“ рече Николовски.

Тој додаде дека во новите органи на партијата 40 отсто од членовите се млади, кои претставуваат модерна и европска структура.

„Имаме нови членови на извршниот и централниот одбор. Имаме над 40 отсто млади во сите органи, имаме модерна и европска структура. А од другата страна имаме противник кој сака во се да не врати назад“ рече Николовски.