Трамп: Примирјето во Газа ќе започне откако Хамас ќе ја потврди линијата на повлекување на израелската војска
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека прекинот на огнот во конфликтот во Газа би можел да стапи на сила веднаш доколку исламистичката група Хамас се согласи на одредена линија на повлекување за израелската војска во крајбрежната територија, јави ДПА.
Израел веќе ја одобри почетната линија, напиша Трамп вчера на својата платформа Truth Social.
„Кога Хамас ќе потврди, прекинот на огнот ќе стапи ВЕДНАШ во сила, ќе започне размената на заложници и затвореници и ќе создадеме услови за следната фаза на повлекување“, наведе тој.
Трамп, исто така, објави графика што ја прикажува предложената линија во Газа.
Неговиот мировен план, објавен пред речиси една недела, не прецизираше конкретна рута на повлекување. Наместо тоа, во него се наведува дека израелските сили ќе се повлечат на договорената линија за да го олеснат ослободувањето на заложниците, суспендирајќи ги сите воени операции додека не се исполнат условите за целосно, фазно повлекување, потсетува германската агенција.
Пред објавата на Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војската ќе се репозиционира, но ќе продолжи да ги контролира стратешки важните области во Газа. Тој нагласи дека Хамас ќе биде разоружан, а територијата демилитаризирана, или дипломатски во согласност со планот на Трамп или преку воена акција.
Хамас се согласи со делови од планот на Трамп, но не го прифати експлицитно бараното разоружување, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-
Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини
-
Сијарто: Во Брисел и кај европските лидери преовладува воена психоза
-
Насилно удрил оштетено лице во нозете и му го украл телефонот во такси, кривична против 40-годишник
-
„Златна треска“ во бугарскиот приморски град Царево по веста дека поплавата однела сеф со милиони и злато
-
Трамп се закани со „целосно уништување“ ако Хамас го одбие неговиот план
-
ОЈО: Две лица од Брвеница осомничени за илегална трговија со кокаин
-
Кобахидзе: Демонстрантите се обидоа да ја соборат владата, ЕУ се меша во грузиската политика
-
Лавина однесе тројца хрватски планини во Јулиските Алпи во Словенија