Македонија
4. October 2025 - 19:04

Приведен 29-годишник од Неготино, поднесени кривични пријави и одредена мерка притвор

На 03.10.2025 во 09:45 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода С.Д.(29) од Неготино, поради основи на сомневање за сторени четири кривични дела „одземање на моторно возило“ по член 242 од КЗ, две кривични дела „кражба во обид“ по член 235 став 5 во врска со став 1 од КЗ  и едно кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од КЗ, сите на територија на Неготино. 

Против С.Д. се поднесени кривични пријави, а судија на претходна постапка во Основен суд Неготино му изрече мерка притвор во траење од осум дена, по што С.Д. е спроведен во Казнено поправната установа Затвор Гевгелија.