Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи беа уништени, а пожарникарите се борат со бројни пожари, објави на својот канал на Телеграм раководителот на локалната воена администрација на Запорожје, Иван Федоров.
„Вечерва непријателот повторно го нападна Запорожје. Имаше најмалку десет летови над градот. Едно лице беше убиено. Девет беа ранети“, се наведува во соопштението, пренесува Укринформ.
Според Федоров, уништени се згради и приватни куќи, изгорени се автомобили, скршени се прозорци, оштетени се дворови, а електричната енергија и водата се во прекин.
„Од првите минути по нападот, нашите спасувачи, комунални работници, лекари, енергетски работници и полицијата работат на терен“, рече Федоров.
Укринформ објави дека Русите извршиле најмалку 10 напади со дронови и касетни авио-бомби врз Запорожје, а во некои области имало прекин на електричната енергија и водата.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Американската армија целосно се повлече од Ирак
-

Во напади врз Харков и Киев повредени повеќе од 25 луѓе
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
-

Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари
