Македонија
6. јуни 2023 - 16:35

Никој не го дели оптимизмот на Ахмети за члентво во ЕУ

Ниту експертите па дури ниту коалиционите партнери не веруваат во прогнозите на Ахмети дека Македонија може за три до четри години да стане дел од Европската Унија. 

Вицепремиерот задолжен за европски прашања вели дека е добро да се биде оптимист, но да се бега многу од реалноста

Експертите воопшто и не сакаат да ги коментираат прогнозите на лидерот на ДУИ.

За интеграциите два дена дебатираа тинк-тенк организации од Македонија и од Шпанија државата која ќе биде следен претседавач со ЕУ.