Над 80 санкции за еден час во Кавадарци, над 16.000 за месец во државата
Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Кавадарци, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Кавадарци. „Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки
последици. До сега за околу еден месец откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 16.000 санкции“, рече Ангеловски.
Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Кавадарци да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. „Само за еден час во денешната акциска контрола во Кавадарци се изречени над 80 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др.“, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акцискаконтрола во Кавадарци ќе бидат презентирани утре.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот
-
Студентите на Штипскиот универзитет се едуцираат како да стартуваат сопствен бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот