Loading Video...
Спорт плус
22. May 2021 - 17:52

Македонските одбојкари против Израел по втора победа во Сребрената лига

По победата над Кипар во првото коло добрата машка одбојкарска репрезентација против Израел ќе атакува на втора победа во Сребрената лига
 
Македонските одбојкари вечерва во салата „Парк“ во Струмица ќе го играат вториот меч од А групата во Европската Сребрена лига. 
 
Иако во првиот остварија победа со убедливи 3-0 над Кипар, сепак во нашиот табор, се свесни дека вечерва против Израелците ќе мораат да одиграат на повисоко ниво, доколку сакаат да ја остварат и втората победа. 
 
„Очекувам малку подобра игра , затоа што играме против поквалитетен ривал. Се надевам на победа. Ние нема да калкулираме, ќе одиме на победа на секој меч. Ако успееме да направиме три победи на овој турнир и да одиме во Данска на нови три, секако тоа ќе биде одлично за самодовербата пред Ф4 турнирот“, вели Ѓорѓиев.
 
Нашиот вечерашен противник Израел во првото коло имаше тежок меч против Данска од која загуби со 3:2. 
 
Вечерашниот дуел меѓу Македонија и Израел ќе започне во терминот од 20 часот