Македонците годишно фрлаат храна вредна 30 милиони евра
Македонците годишно фрлаат над 15 илјади тони храна или на отпад завршуваат скоро 30 милиони евра. На Меѓународниот ден за свесност за фрлањае храна, од невладината организацијата Банка за храна велат дека сме неодговорна нација – меѓу првите 5 земји сме по сиромаштија и меѓу првите 5 кои најмногу фрлаат храна. Точно колку килограми завршуваат на отпад од секој граѓанин, нема достапни податоци – но анализите покажуваат дека дневно секое семејство во просек фрла храна вредна 50, 60 денари
- Ако во Македонија има 100 000 семејства кои можат да си дозволат редовни оброци, анализите покажуваат дека секое домаќинство дневно фрла по 60 денари храна, било да е тоа леб, половина леб, сирење, сувомеснато – Тоа значи дека месечно се 1,800 денари или годишно тоа над 300 евра. Ако се се пресмета дека од 300 илајди семесјтва, 100 илјади фрлаат храна, се доаѓа до податок дека годишно во Македонија се фрлаат 30 милиони евра, изјави Душко Христов, престедател на Банка за храна
Како посиромашна нација, се купуваат поевтини прозводи, кои имаат пократок рок на траење, вели Христов. Листата продкути кои најчесто завршуваат на отпад е долга.
- На прво место леб и лиснати прозивдои, на второ овошје и зеленчук и на трето сувемесната произвдои, сирење, кашкавал и слично. Никој не фрла пакетче макарони или килограм брашно на пример, додава Христов
Извештајот на Обединетите нации покажува дека во светот годишно се фрлаат над 930 милиони тони храна, или околу 17 отсто од вкупната произведена храна.
- Додека милиони лица умираат од глад, 43 милиони не можат да си дозволат квалитетен оброк секој втор ден, треба сериозно да придонесеме колку купуваме и што фрламе, вели Христов. Вишокот може да се донира, со што, според проценките би се озбезбедиле по 3 оброка дневно за 26 илјади граѓани.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар