Кривична против 29 годишник, при претрес пронајдени се автоматска пушка, пиштол и 1.167 куршуми | ФОТО
СВР Скопје - Единицата за насилен криминал поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Р.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи" по член 396 и „телесна повреда" по член 130 од Кривичниот законик.
На 08.06.2025 во 20.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р., постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет. Подоцна, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во неговиорт дом и биле пронајдени и одземени 1.167 куршуми од различен калибар, автоматска пушка калибар 7.62 х 39 мм, пиштол „Зораки“ за светлосна звучна сигнализација преправен во огнено оружје калибар 7.65 мм, полуавтоматски пиштол „Рангер“ калибар 9 мм, пневматски пиштол, една рачна граната, рамки за автоматско оружје, футроли за пиштоли, делови од огнено оружје, ножеви и други остри предмети и други предмети за кои постои основи на сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот А.Р. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
СУТКОЗ: Вработените во ЈП Комунална хигиена Скопје и СУТКОЗ ќе ги преземат сите мерки кои им стојат на располагање
-
Русија побарала од МААЕ да помогне во прекин на огнот поради нуклеарната централа Запорожје
-
Голема полициска акција во Србија против криминалци на повеќе од 30 локации низ државата
-
Прекин во водоснабдувањето за корисниците на неколку улици во Скопје
-
Промоција на Водич за декарбонизација за мали и средни претпријатија во земјава
-
Трамп за самитот со Путин: Не сакам да имам залуден состанок
-
Без струја повеќе делови од Скопје
-
Русија го нападна Киев со балистички проектили