Хавајскиот судија Вотсон на неопределено време го блокира вториот указ на Трамп за мигранти
Американскиот федерален судија Дерек Вотсон, од Хонолулу, главниот град на островската држава Хаваи, на неопределено време го продолжи дејството на неговата претходна одлука за блокирање на ревидираниот указ на претседателот Доналд Трамп, со кој се забранува влезот во САД на државјани од шест доминантно муслимански земји, пренесоа британските медиуми.
Судијата Вотсон ја трансформира својата претходна одлука за привремено блокирање на претседателскиот указ од претходната судска наредба за предметот, што беше отворена од државата Хаваи, против указот на Трамп, со мотивот дека тој е неуставен и наметнува дискриминација врз религиозни побуди.
Вториот указ на Трамп беше издаден на 6 март и имаше за цел да ги заобиколи правните проблеми, што се појавија со претходниот указ од јануари, што предизвика хаос по аеродормите низ светот и протести.
Првиот указ беше запрен во февруари, со наредба на судија од државата Вашингтон. Трамп тврди дека забраната, која сака да ја наметне, е предизвикана од потребите за националната безбедност.
Ново на Сител
-
Изборен ден во Струга
-
Гласање во Охрид
-
Избори во Крушево и Долнени
-
ДИК бележи зголемена излезност
-
Веќе пет дена хируршките клиники функционираат со затворени сали
-
Четворица затворски полицајци завршија на Токсикологија по пожар во женското одделение во затворот „Идризово“
-
Мемети утре во суд, врховниот судија Георгиев се жали на притворот
-
Речиси 2 тони вијагра и опасен лек за слабеење запленети на скопскиот аеродром