Свет
10. јуни 2024 - 17:07

Европската народна партија го задржа мнозинството во Европскиот парламент, подем бележи екстремната десница

Централно десничарката Европска народна парија го задржа мнозинството во европскиот парламент и во следните 5 години. Иако со помал број на пратеници трите најголеми политички групи го задржаа водството. Подем бележи екстремната десница која однесе убедливи победи во држави како Италија, Франција, Австрија.

Според првичните резултати во новиот состав на парламентот Европската народна партија  ќе има 189 пратеници, социјалдемократите 135, а либералите 80 пратеници. 130 пратеници се очекува да освојат партиите на крајната десница, додека најголем пад бележат зелените партии.

Најголем удар изминатата ноќ доживеаа лидерите на Франција и Германија чии партии го постигнаа најлошиот резултат досега, што го отвори прашањето како двете клучни членки на Унијата ќе функционираат во иднина.

Ваквите резулатите сепак се добра вест за претседателката на европската комисија Урсула фон дер Лајаен која претендира за нов мандат. Иако е поблиску до оваа цел, и фон дер Лајаен вчервечер не криеше дека изборните резултати јасно покажуваат дека европските граѓани сакаат промена.

Центарот држи. Но, исто така е точно дека екстремите од левата и десната страна добија поддршка, и затоа резултатот доаѓа со голема одговорност за партиите во центарот. Можеби се разликуваме по поединечни точки, но Сите ние имаме интерес за стабилност и сите сакаме силна и ефективна Европа. Да, уверен сум (во обезбедување на нов мандат), но секако знам дека има уште многу напорна работа пред мене. вториот мандат е во прашање“, изјави  Фон дер Лајен

Ваквите резултати веќе ги најавуваат и првите промени на европската политичка сцена. По катастрофалниот пораз францускиот претседател Макрон го распишти парламентот и распиша предвремени избори на 30јуни. За неговата противкандидатка, вчерашните изборни резултати се историски.   

Оваа одлука е сериозна, тешка, но пред се е чин на доверба - доверба во вас, мои сограѓани, во капацитетот на францускиот народ да го направи најправеден избор за себе и за идните генерации, доверба во нашата демократија , за да може гласот да се даде на суверени луѓе, ништо не може да биде порепубликанско. Ова е подобро од било каков аранжман, кое било несигурно решение - ова е време за многу потребно појаснување“, Макрон второто

Французите зборуваа и овие историски избори покажуваат дека кога народот гласа, народот победува. Со давање повеќе од 32% на листата на Националниот рели, Французите штотуку ни ја дадоа највисоката оценка, сите партии заедно, во последните 40 години. Вистинска емоција е да се види оваа прекрасна популарна сила како се крева низ целата земја“, Марин ле пен

И комуникологот Бојан Кордалов кои овие избори ги следи директно од европскиот парламент вели дека и во Брисел може да се почувствува жеблата за промени кои европските државјани ја искажаа и преку овие резултати.

Според Кордалов ваквите промени треба да ги следи и Македонија ако сака да постигне било каков напредок кон зачленување во Унијата

Резултатите од изборите на новите европратеници ќе се одразат и врз другите клучни европски институции Европската комисија, Европскиот совет и високиот претставник за заедничката надворешна политика и безбедност.

Нив ги избираат лидерите на земјите членки но од редовите на партиите кои добија најмногу гласови.

Новиот европски парламент ќе го има и последниот збор и при изборот на идниот претседател на Европската комисија, а целиот процес на комплетирање на европските институции се очекува да биде комплетиран кон крајот на есента