Македонија
29. јуни 2025 - 16:28
Едрилица се скрши сред Охридско Езеро од силен ветар
Вистинска драма во длабочините на Охридското Езеро, полицијата извлече четири лица од Охрид од брановите и ги спаси од можна трагедија.
Инцидентот се случил откако поради силниот ветар дошло до кршење на крмениот лист по што лицето кое управувало со пловилото изгубило контрола.
Охриѓаните на едрилица гласно барале помош.
Како резултат на брзата интервенција на граничната полиција, спасените лица се извлечени без повреди, а ситуацијата е ставена под контрола.
Од полицијата уште една апелираат до сите граѓани и туристи да внимаваат при користење на пловни објекти и да ги следат временските услови особено кога се работи за едрилици и други пловила без моторен погон.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->