Две теории за местото на злочинот: Јелена е убиена на скалите или во студиото - и за двете постојат докази!

Иако до сега се веруваше дека пејачката е убиена на насипот во Борча, каде пред исчезнувањето наводно трчала, се почести се шпекулациите дека до бруталното убиство дошло на некое друго место. И полициската истрага води во тој правец, телото на Јелена било само фрлено во каналот.
Постојат неколку теории за местото на кое се случило убиството.
Според едното сценарио, Јелена и Зоран се расправале во семејната куќа во Борча. Како што пишува српски Телеграф постои можност тогаш Зоран да ја турнал Јелена по скали, а потоа додека беспомошно лежела на подот во куќата, земал шрафцигер или некој друг предмет и и се нафрлил.
Она што е утврдено е дека убиецот ѕверски ја удирал Јелена по главата со остар предмет. Ја удрил околу 10 пати според зборовите на соговорникот, одлика на злосторството е страст.
- Се претпоставува дека приведениот Марјановиќ го одвлекол телото на Јелена во тоалет за да ги одстрани трагите. Тој наводно со варикина и ги миел прстите за да ги уништи сите докази дека тој стои зад убиството. Телото потоа е замотано во ќебе или тепих, а потоа со различни средства ги одстранил трагите од подот, тепихот како и тоалетот - вели изворот.

Извори од истрагата додаваат дека досегашната истрага покажала дека после убиството Зоран Марјановиќ отишол на насипот во Црвенка и го пријавил во полицијата исчезнувањето на сопругата.
Според другата теорија, 14. април пронајдени се докази кои веднаш покажале дека местоо на убиството е домот на Марјановиќ, поточно студиото кое се наоѓало во склоп на куќата.
- На тоа покажува, крпата со крв која е видена на прозорот на тоалетот покрај студиото - вели соговорникот од истрагата.
Тој потсетува дека од куќата Марјановиќ ги однеле тепихот, облеката и обувките на семејството.
Ново на Сител
-

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје
-

Почнува аплицирањето за студентски стипендии за 2025/2026, првпат се доделуваат и 15 за студии по македонски јазик
-

Во Нови Сад голем коморативен собир по повод годишнината од падот на бетонската настрешница на железничката станица
-

Белата куќа воведува ново правило со кое се ограничува пристапот за новинарите
-

Посебен режим на сообраќај на градските гробишта Бутел поради задушница
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Препладне магла по котлините, попладне сончево
-

Српската Влада го прогласи 1 ноември за Ден на жалост
