Директорите на гостиварските училишта ја обвинија локалната власт дека не им префрла пари за сметки
- Директори на повеќе основни и средни училишта во Гостивар ја обвинија локалната самоуправа дека општината не ги префрлила парите за тековно одржување на објектите и дека заради тоа неколку се исклучени од електричната мрежа.
На прес-конференција попладнево пред седиштето на општината директорите нагласија дека помеѓу нив и локалната власт нема соработка на потребно ниво со што настануваат проблеми кои го кочат функционирање на образовните установи во општината.
- Повеќето училишта останаа без струја, затоа што општината ги нема префлено средствата наменети за тековно одржување. Недостигот од соработка не е добра работа со оглед дека општината е должна да се грижи за редовното и нормално одвивање на образовниот процес. Ние бараме да се почитува закнот за образование и дневната политика да се стави на страна, рече Агрон Алили, директор на средното медицинско училиште во Гостивар.
Ибрахим Асани, директорот на средното техничко училиште во Гостивар, упати апел до општинските власти да престанат со опструкции кон училиштата и најави дека за состојбите ќе бидат известени државните органи надлежни за образование и до просветниот инспекторат.
Од општина Гостивар не ги коментираат обвинувањата кои ги упатија директорите од денешната прес-конференција. Без напојување со електрична енергија заради неплатени сметки од денеска е и спортската сала „Младост“. За овој случај од општината го обвинија монозинството во советот кое не ја изгласа одлуката за префрлање на 500 илајди денари на претпријатието кое управува со салата
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст