Бизнис
18. May 2023 - 16:32

Бесими: Платите во јавниот сектор нема да се замрзнат, синдикалниот предлог е добар

Просечната плата да биде основица за пресметка на платите за административците, како што бара Синдикатот, за министерот за финансии е прифатлив предлог. Но, се разгледуваат неколку опции и се прават сценарија, согласно можностите во буџетот,  за да се дојде до системско, одржиливо решение кое ќе важи за цел јавен сектор.  Ќе има една методологија за пресметка и во интерес на сите, е  што поскоро да се утврди, вели Бесими.

- Прифаливо е, ние гледаме решение. Имаше три сценарија нивниот предог е прифатлив работиме на сценарија. Работиме на пресметките за зголемувањето на платите само во неговиот сектор, Бесими вели дека секаде каде што имало потреба изминатите 3,4 години- платите растеле. Во образование, здравство.безбедност, инпекциски служби., судство, обвинителство. Покачувањето, било неопходно за да се спречи одлив на кадар.

Во финансии за жал,во последните четири години 20 проценти над 160 вработени го напуштиле министертвото и тоа е сериозна бројка за жал најкавлитетните си одат, затоа што платите во приватниот сектор, во делот финансии се со позначителна разлика, додава Бесими

Зголемувањето на платите само во еден сектор, според Бесими е парцијално решение, кое треба да биде надминато со Општиот колективен договор. Таму ќе бидат опфатени и останатите ресори.