Македонија
7. December 2023 - 21:19

Анализа: Зошто партиите не ги објавуваат претседателските кандидати порано, туку пред избори?

Датумот за претседателските избори е познат, но македонските граѓани ќе дознаат кој влегува во претседателската трка на само две до три недели пред официјалниот почеток на кампањата во април.

Македонските партии наместо со месеци однапред, па дури и една година порано како во случајoт со САД, своите фаворити ги објавуваат непосредно пред изборите. 

Што е причина кандидатите да се профилираат порано. И власта и опозицијата велат дека едноставно такви се внатрепартиските процедури.

Сепак, партиите знаат каков кадидат посакуваат.

За аналитичарите причините се и во партиите, но и во законската регулатива.

Согласно политичкиот договор, првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај.