Бизнис
16. May 2023 - 21:16

Анализа: Дали народната обврзница ќе ги привлече граѓаните да штедат кај државата наместо кај банките?

Раздвижување на пазарот, повисоки банкарски камати за депозитите и пад на инфлацијата. Ефектите од издавањето граѓанска обврзница ќе бидат позитивни, сметаат експертите. Граѓаните кои имаат вишок пари ќе можат да ги инвестираат во овие хартии од вредност, каде гарант е државата и ќе добијат повисок принос отколку да штедат во банка.

Од друга страна и банките ќе бидат принудени да ги зголемат каматите за депозитите.

Од Македонската Банкарска Асоцијација ја повикаа Владата да биде внимателна каква камата ќе понуди, за да не се испрати лош сигнал за цената на парите на пазарите, иако велат дека не очекуваат ваквиот инструмент да ја наруши банкарската стабилност.  

И Наумовски смета дека сумата од 50 милиони е премала, наспротии над 5 те милијарди евра кои граѓаните ги чуваат како заштеди во банките, за да се загружи банкарската ликвидност.

Обврзницата се очекува да ја намали и инфлацијата, бидејќи ќе го апсорбира вишокот пари на граѓаните. Пад на инфлацијата предвидува и Народната банка.

До крајот на годината би достигнала 8 до 9 осто, но банката ја намали и проекцијата за раст на економијата. Наспроти владините очекувања за 2,9 % раст, Централната Банка очекува економијата да порасне исто колку и лани – само 2,1 отсто.

Ако проекциите во буџетот се прават врз основа на очекуваниот пораст, најверојатно држават ќе треба да направи ребаланс на буџетот.

Слични прогнози за 2% раст на земјата има и Европската банка за обнова и развој и Европската Комисја.