-->
-->
Звиздиќ: Нема дезинтеграција на Босна и Херцеговина ниту промена на границите на Западен Балкан
-->
Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ изјави дека нема да дојде до дезинтеграција на Босна и Херцеговина, како ни до промена на границите на Западен Балкан.
- За оние кои како солуција предлагаа распаѓање, тоа нема да се случи. Станува збор само за недосонувани соништа кои никогаш нема да се реализираат. Нема да дојде до каква било нова дезинтеграција на Босна и Херцеговина. Процесите ќе се движат кон интеграција. Завршена е архитектурата на Западен Балкан и нема да дојде до промени на границите на Западен Балкан, нагласи Звиздиќ.
Тој посочи дека опција е членството во Европската унија, истакнувајќи дека очекува следната година да биде дефинирана многу јасна европска перспектива за Босна и Херцеговина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица