Бизнис
16. November 2021 - 16:45

Зошто ЕСМ не достави понуда на тендерот за снабдување со струја за домаќинствата?

Од ЕСМ без конкретен одговор зошто компанијата не достави понуда на тендерот на ЕВН ХОУМ на кој требаше да се обезбеди струја за домаќинсватав за следната година.  Но според информации на Сител, ЕСМ не се јавиле на повикот,  затоа што се уште ja формирале цената по која компанијата ќе ја продаде својата струја  на Унивезралниот.

Според законот за енерегтика ЕСМ има обврска да обезбеди 60 проценти од потребите на  струја за домаќинствата. Надлежните велат дека засега не е прекршен ,  ЕСМ има рок до крајот на годинава  да даде понуда. Од Владата пак  уверуваат дека државните електрани ќе дадат понуда и ќе ја обезбедта потребната струја за домаќинставта за 2022 година.

Владата гарантира дека АД ЕСМ согласно Законот за енергетика и следната година ќе ги обезбеди потребните количини на електрична енергија за да ги задоволи потребите за домаќинствата и малите потрошувачи.

Според познавачите  ако ЕСМ не ја обезбеди  потребната струја  ќе биде лошо за  домаќинствата.

Ако не се случи тоа,  Универзалниот снабдувач ќе мора овие количини да ги увезе од надвор по набавна цена која во моментов е многу висока, а со тоа дирекно ќе поскапи цената за домаќинствата од следната година, вели за Сител Констатин Димитрво МАЦЕФ.

Инаку  држвната ЕСМ досега струјата за домаќинствата на ЕВН ХОУМ  и ја продаваше  по цена од 37 евра за мегават час, а ако треба сега ЕВН да ја обезбеди од надвор ќе чини над 200 евра за мегават час.

Од ЕВН соопштија дека нов тендер ќе има, но кога точно за сега не се знае.

Од Владата не одговорија дали  се разгледуваат и нови мерки  за справување со кризата,  само посочија  дека се состојбата се следи. Од кога е прогласена кризна сосотјба единстевната мерка е помошта од 65 милиони евра за санирање на штетите во енергетиката иако познавачите сметата дека требаат многу повеќе. Овие пари одат кај ЕСМ, но допрва треба да стигне и сметката на МЕПСО за влечењето на  струјата од Европа  која се очекува да изнесува најмалку  16 милиони евра.

Во меѓувреме ЕСМ објави ново барање за набавка на струја. Овој пат сака да купи  7.200 мегавати.