Зоран Заев - претседател на Владата на Република Македонија
Новиот премиер и лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев во извршната власт доаѓа со искуство од локалната самоуправа со три градоначалнички мандати зад себе, како и функции во партијата.
Како што е наведено во биографијата која беше доставена со предлог-составот за новата влада, Заев дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1997 година, каде бил и на постдипломски студии по монетарна економија и финансии.
Професионалната кариера ја започнува како вработен во „Тргопродукт“ – Струмица во периодот од 1997 до 2003 година, а од 2001 бил и директор на тоа претпријатие. Бил член на управните одбори на штедилницата „Пеон“ (1998 – 2003), и на Индустријата за градежни материјали „Еленица” (2001 – 2003). Од 2000 до 2003 година е претседател на управниот одбор на ЈПКД „Комуналец” - Струмица.
По победата во Струмица на локалните избори во 2013 го почнува третиот последователен мандат како градоначалник на овој град, на која функција е до декември 2016 година.
Добитник е на наградата за најдобри практики од Советот на Европа за првото јавно – приватно партнерство во Република Македонија, имплементирано во изградба на објектот „Глобал”. Општина Струмица под негово водство е добитник на највисоко државно признание во областа на екологијата (2007 – 2008 година).
Од 2003 до 2005 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија.
Заев е претседател на СДСМ од 2013 година. На седмиот Конгрес на СДСМ во 2008 година е избран за в.д. претседател на партијата, функција која ја вршеше до деветтиот Конгрес кога беше избран за потпретседател на Централниот одбор на партијата. Бил потпретседател на Централниот одбор на СДСМ и во периодот од 2006 до 2008 година. За време на парламентарните избори во 2006 година е шеф на Регионалниот изборен штаб за 4-та изборна единица. Во два мандата бил и член на претседателството на општинската организација на СДСМ Струмица.
Роден е на 8 октомври 1974 година во Струмица. Оженет е со Зорица Заева со која има две деца, Александра и Душко.
Ново на Сител
-
Во Русија се спроведува нова мобилизација, најголема во последните 14 години
-
Србија и Црна Гора ќе поднесат заедничка кандидатура за домаќини на машкото ЕП во одбојка
-
Стејт департмент: Трамп ја отфрли идејата за странска управа во Украина
-
Лишен од слобода возачот кој со возило удри велосипедист во Скопје
-
УНИЦЕФ: Најмалку 322 деца наводно убиени во Газа по прекинот на огнот
-
Кривична за 10 припадници на ЕБР за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Врховниот суд ги разгледа извештаите за работата на пониските судови
-
Исчезна 14 годишно девојче од Скопје