ЗНМ, ССНМ и МИМ бараат вклучување во разговорите за медиумите
Здружението на новинарите (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) денеска протестираа пред Клубот на новинарите заради, како што соопштија, нетранспарентниот начин на водење на разговорите за медиумите.
- Сакаат да одлучуваат за судбината на новинарите без да водат сметка за нашите интереси. Овде се одлучува дали ќе имаме слободни и професионални медиуми или контролирани, пропагандна машинерија во рацете на политичките партии, изјави претседателот на ЗНМ Насер Селмани.
Праша зошто претставниците на четирите политички партии се противат на вклучувањето на претставниците на новинарите и на медиумите во разговорите и што е толку страшно во нивните предлози што не сакаат да ги споделат со нас и со јавноста.
- ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА имаат обврска пред јавноста, не пред нас, да објаснат какви решенија договараат за медиумите. Како новинари од искуство знаеме дека кога политичарите се кријат од јавноста обично работат за теснопартиските и политички интереси и не водат сметка за интересите на граѓаните, рече Селмани.
Ги повика претставниците на ЕУ и на САД, гаранти на договорот од Пржино, да не дозволат политичките партии зад грбот на новинарите да договараат решенија за медиумите кои не се во согласност со европските стандарди. Селмани најави дека по овој протест ќе ЗНМ, ССНМ и МИМ ќе ја анализираат ситуацијата и ќе постапат соодветно на неа. Според него, има некое помреднување во позициите но медиумските организации и МИМ инсистираат на нивно целосно вклучување во преговорите.
- Ние само сакаме да знаеме за што се разговара, кои се решенијата и да ни се даде можност ние да си го кажеме нашето мислење, рече Селмани.
Смета дека до утре нема шанси да се договорат сите прашања и оти нема да завршат разговорите за прашањето за медиумите. Тие, како што кажа, имаат одредени информации за содржината на разговорите, но не сакаат некој друг да им ги пренесува тие информации.
- Сакаме сами да ги слушнеме и затоа инсистираме да бидеме внатре, посочи претседателот на ЗНМ.
Денешната средба на работната група која разговара за реформите во медиумите е одложена поради консултативни средби за подготовка на конкретни предлози во врска со законите поврзани со медиумите, врз основа на досегашните дискусии со политичките партии и засегнатите страни, се наведува во пишаната изјава на белгискиот експерт Питер Ванхауте.
Овие предлози, како што се појаснува во изјавата, ќе бидат дискутирани во работната група во следниве денови.
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога