Македонија
29. April 2024 - 19:42

За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?

Се обединија универзитетските студенски собранија, и од приватните, и од државните факултети. За првпат е формирано Национално студенско тело, со цел полесно да се решаваат актуелните проблеми на студентите. Но, за ова тело да биде официјален претставник на сите студенти, мора да добие правна рамка, преку измена на Законот за високото образование.

Претседателот на ова тело, очекува по формирање на новата Влада, да бидат усвоени овие законски измени, бидејќи поголемите политички партии веќе го потпишаа Студентскиот манифест.

Со формирање на ова тело, се следи примерот на останатите земји во Европа. Словенија како држава е само еден од многуте примери, за успешно функционирањето на ова тело. Со тоа што државата солидно го финансира, студентите спроведуваат успешни политики и дури сами креираат мерки за подобрување на севкупниот студентски стандард во државата.