Знаете ли што е ова? На брегот во Филипини се насукало големо влакнесто суштество!
После силните земјотреси на Фиипините, на брегот се насукаа многу работи и животни, а помеѓу нив едно мистериозно суштество.
Големо и влакнесто со бела боја се насукало на брегот на островот Динагат. Филипинците побрзале да се фотографираат со мистериозното суштество, а медиумите почнале да шпекулираат за тоа што би можело да биде.
На социјалните мрежи има бројни, дури и креативни коментари. Па така некои напишаа дека се работи за Трунко, суштество пронајдено во Африка 1924 година кое било слично на животно кое личи на комбинација од кит и поларна мечка, а други дека се работи за Аппи, измислен лик од серијата “Avatar: The Last Airbender”. Поединци напишале дека се работи за големо Шит цу, а филмаџиите се осврнаа на сличноста со суштеството од филмот “Недовршена приказна“.
Научниците пак објаснуваат дека се работи за труп од кит тежок 2000 килограми, а долг 6 метри. Телото му попримило бела боја поради последици од распаѓање, а се претпоставува дека китот умрел пред две недели кога удрил во брод.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ