Македонија
30. April 2024 - 19:43

ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија

Здравствената инспекција повторно влезе на Токсикологија. Откако пред пет дена од ДСЗИ утврдија дека 11 лица  без договори за дело а некои и без соодветно образование 4 месеци незаконски облекувале бели мантили и работеле, денеска проверуваат колку менаџментот на установата постапил по нивните укажувања.

-Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат прават контрола по решение од 23 април дали се спроведува тоа што го укажаа инспекторите, . Кога ќе имаме детална информација ќе ве известиме, вели Рената Младеновска, директор на  ДСЗИ.

Го контактиравме и министерот за здравство кој уште минатата недела за договорците на Токсикологија кажа дека им била нанесена неправда. Демири вели прво ќе чекал да поминат изборите на 8 ми и од 9-ти ќе презема решенија за настанатиот хаос на клиниката. Но здравствените власти досега воопшто не реагираа за обидот на болничар да замени урина со наркотици со чист примерок, но и за реакциите од вработени кои се пожалија дека немаат никаква комуникација со организациската директорка која не зборува македонски.

Медицинскиот директор Данил Петровски во писмено известување вели дека на инспекторите од ДСЗИ им ја доставил целосната документација-

- Задолжување од медицинскиот директор до главната медицинска сестра да им забрани на сите лица кои немаат било каков договор со клиниката влез во медицински просториикако и во болнички соби, а техничкиот работник да ги избрисе од евиденција. Горенаведеното не го потпиша организацискиот директор и даде приговор кон задолжувањето од медицинскиот директор, вели Петровски.

Освен за 18 те лица  лица чии договори се истечени уште во декември 2023, причина за ескалирање на недоразбирањата меѓу менаџерите на Токсикологија е и договорот за осигурување. Повеќе од два месеци клиниката не е осигурана и тоа ќе се одрази на штетата од поплавата која се случи во петокот.

Контролата од ДСЗИ го пролонгира и состанокот на Управниот одбор на Токсикологија кој е презакажан за во четврток и на кој треба да има одлука што понатаму.

Инаку, Бесија Илјази на менаџерската функција беше назначена ден пред распишување на изборите.