Зијадин Села до Груби: Повлечи се од политиката и соочи се со обвиненијата
Лидерот на едното од крилата на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, кој е во коалиција со ДУИ ја поздрави одлуката на Стејт департментот за вклучувањето на Артан Груби, поранешниот прв вицепремиер, и судијата Енвер Беџети на црната листа на САД. Села побара од нив веднаш да се повлечат од своите политички и институционални позиции.
„Алијансата за Албанците продолжува да биде политички актер кој отворено ги осудува и јавно зборува за тесните врски меѓу судството, политиката и олигархијата. Одлуката на САД е јасна порака за борбата против корупцијата и за градење правна држава,“ изјави Села.
Тој ја истакна важноста на оваа мерка, оценувајќи ја како значаен чекор кон владеење на правото и демократијата. Според Села, корупцијата и злоупотребата на власта не само што ја уназадуваат земјата, туку ги поткопуваат и стратегиските партнерства со Соединетите Американски Држави.
„Ги повикуваме апострофираните да се повлечат од институционалниот и политичкиот живот, а како слободни граѓани да се соочат со обвиненијата против нив. Индивидуалната одговорност е камен-темелник на една модерна, непристрасна и демократска држава,“ додаде Села.
Алијансата за Албанците, како што посочува Села, ќе продолжи да биде лојален партнер на САД, споделувајќи ги заедничките вредности на демократијата, слободата и градењето на владеењето на правото.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст