Жугиќ до Шарената револуција на СДСМ: Вашата боја врз театарот е ваш личен срам и немоќ
Директорката на Театар Комедија, Јелена Жугиќ излезе со став во врска со вечерашниот напад на „шарената револуција“ врз театарот.
-Вечерва таканаречената Шарена револуција го опфати и театарот Комедија. Институција која на никаков начин и со ниту една постапка не е ниту дел од причините ниту пак дел од решението на сето ова лудило кои неколкумина стотини сакаат да го наметнат на целата држава. Иронично, но оние кои се борат за некаква слобода се првите кои ја загрозуваат, оние кои се покриваат под пластот на демократијата се првите кои сакаат да ја убијат, ова не е битка за идеологија, ова е битка за лични интереси на поединци. Под нивната гилотина денес се најде цела една институција само поради мој личен став, кое е мое лично право и израз на лична слобода. Вашата боја врз театарот Комедија господа, е ваш личен срам, и израз на немоќ. Бидејки само слабите не контираат со аргументи туку со аргументот на силата. Вашата боја е удар врз уметноста и слободниот театар, вашата боја е срамен шамар и за плејадата актерски имиња кои на свои плеќи го носеа и ќе продолжат да го носат театарот и да ја претставуваат нашата држава. Вашата боја е срамен однос кон институцијата која постигна и ќе продолжи да нижи постигнувања и успеси. Вашата боја е ваш срам, но и огледало на вашиот очај. Уметноста е вечна, и ќе ја надмине вашата малодушност. Тргнете ги вашите раце од институцијата која не е моја, ниту само ваша, таа е на сите нас. Моите лични ставови се само мои, тие не се на театарот Комедија и оттука фрлањето со боја врз зградата на театарот го покажува заматениот ум и формите на притисок кои ги практикувате и ќе ви порачам вие нема да ме поколебате ниту исплашите, туку само ќе ми дадете потврда и стимул да продолжам да работам и создавам, порача директорката.
Ново на Сител
-
НАТО стравува од нови сериозни саботажи и кибер-напади
-
МВР се вклучува во камањата „Помисли двапати“
-
Денеска се празнува Воведение на Пресвета Богородица
-
Седница на Уставен суд
-
ОН бараат 47 милијарди долари за помош во 2025 година
-
Сијарто апелира на меѓународна акција против прогонот на христијаните на Блиски Исток
-
Рускиот амбасадор во ОН ја обвини Украина дека им помага на сириските бунтовници
-
Променливо облачно време со услови за слаб локален дожд