Жителите на делчевско Габрово без вода за пиење

Во делчевското село Габрово денеска ќе има прекин во водоснабдувањето. Причина за ова како што наведуваат од претпријатието е дефект на пумпната станица.
Директорот на Јавното претпријатие за комунална дејност „Брегалница“, Стојче Стојковски, истакна дека екипи на претпријатието се на терен и работат на оспособување на водоводната мрежа.
-Од рано утрово жителите на село Габрово имаат прекин во водоснабдувањето. Настанат е дефект на пумпната станица со што во моментот не сме во можност да обезбедиме вода за пиење за жителите на село. Нашите екипи неуморно работат за отстранување на дефектот во најбрз можен рок, со што повторно водоводната мрежа ќе бдие оспособена и жителите ќе можат да ја користат. Се до санирање на ваквата состојба апелираме на разбирање од страна на жителите од ова село, вели Стојковски.
Како можни причини за настанатиот дефект од ЈПКД „Брегалница“ ги наведуваат ниските температури, како и и старата и дотраена мрежа. Во Габрово годинава планирани се пообемни зафати за обезбедување чиста вода за пиење со што овие проблеми, како што наведуваат од претпријатието, во иднина би биле надминати.
Ново на Сител
-

Минимално поевтинува преносот и дистрибуцијата на струја, се чека ЕВН да ја соопшти официјалната цена
-

Светски ден на волонтерството – Пратениците на еден ден беа волонтери на Црвениот крст
-

48 американски волонтери од Mировниот корпус ќе бидат ангажирани во македонските училишта
-

Преглед на вестите од светот
-

Регулаторната комисија ги намали цените за пренос и дистрибуција на електрична енергија за 2 до 3%
-

Филипче: СДСМ спреми нови бомби, ја повикуваме Ковеши да ја посети Македонија за да ги види злоупотребите
-

Охрид доби културно-туристички водич
-

Преглед на вестите од светот
