Македонија
5. December 2025 - 16:33

48 американски волонтери од Mировниот корпус ќе бидат ангажирани во македонските училишта

Со свечена заклетва, нова група од 48 американски волонтери го почнаа својот ангажман во рамки на Мировниот корпус.

Волонтерите ќе бидат ангажирани во училиштата и ќе помагаат за јакнење на јазичните вештини на учениците во рамки на Мировниот корпус. Тие ќе останат во државата во следните две години и ќе работат како наставници по англиски јазик заедно со редовниот кадар во училиштата. Амбасадорката на САД во земјава порача дека мисијата на Мировниот корупус е промоција на мирот и пријателството кое се гради меѓу двете земји. 

Волонтерите ќе земат активно учество и во инклузивниот дел на образованието, ќе бидат ангажирани и во специјалните училишта и центри за ученици со посебни образовни потреби. 

Оваа волонтерска соработка со Македонија датира од 1996, во рамки на американската невладина организација посветена на светскиот мир и дружење. Волонтерите се сместени во семејства во Неготино, Кавадарци, Свети Николе, Гостивар, и Теарце.