Македонија
7. December 2024 - 17:21

Жител на Велешта обвинет за дистрибуција на детска порнографија

Против 38-годишен жител од Велешта, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга,  поднесе обвинение за кривично дело – производство и дистрибуција на детска порнографија.

Тој е обвинет за продолжено извршување на кривичното дело, бидејќи во периодот од ноември лани до мај годинава пренесувал, нудел и на друг начин правел достапна детска порнографија преку компјутерски систем.

(На своите два мобилни телефони, преку инсталираните апликации за комуникација – Сигнал, Вајбер, Енигма, Телеграм и други, обвинетиот се приклучувал во затворени групи во кои членувале лица од повеќе земји во светот. Во групите чии имиња сами по себе упатувале дека се наменети за ширење на детска порнографија, но и во директна комуникација со приватни профили, обвинетиот споделувал, испраќал и примал фотографии и видео материјали кои очигледно прикажувале полови дејствија со малолетни лица или со лица кои изгледале како малолетници ) - соопштија од Обвинителството.

Претресот во неговиот дом открил голем број материјали со таква содржина зачувани на неговите мобилни телефони.

(Видеа и фотографии кои прикажуваат детска порнографија поседувал и во мобилните телефони и тие биле пронајдени кога телефоните му биле одземени при извршениот претрес) стои во соопштението на обвинителството.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Струга достави и посебен предлог со кој побара на обвинетиот да му биде продолжена определената мерка притвор, како и да му бидат одземени мобилните телефони како средство употребено за извршување на кривичното дело.