-->
-->
ЖФК ,,Каменица Саса” есенски шампион во Првата женска фудбалска лига
-->

Женскиот фудбалски клуб „Каменица Саса“ е есенски шампион на Македонија. По комплетирани тринаесет кола од Првата македонска женска фудбалска лига, „Каменица Саса“ го освои првото место на табелата лидер во првенството, што според стручниот штаб на екипата се должи на одличните и доминантните игри на каменичките девојки. Ако продолжи добрата игра и во вториот дел од сезоната од стручниот штаб очекуваат прва историска титула во клубот.
– Само четири примени гола, седумдесет и еден постигнат, дванаесет победи и еден нерешен резултат е епилогот од досегашниот дел од сезоната. Сериозниот пристап дава резултати и е поттик за идни вложувања во женскиот фудбал. Очекуваме титула и се надеваме дека тоа ќе се случи уште оваа сезона, велат од ЖФК „Каменица Саса“.

Дека во клубот добро се работи покажува и фактот дека Ленче Андреевска од страна на ФФМ е прогласена за најдобар фудбалер во есенскиот дел од првенството во Првата женска фудбалска лига на Македонија.
-Чест е да се биде добитник на ова признание.Не само јас, туку секој член на ЖФК „Каменица Саса” се залага за што подобар резултат. Еве на пример на врвот на листата на стрелци се нашите Ана Димитровска која има постигнато 20 голови и Марија Начевска со 19 постигнати погодоци. Честитки до целиот тим и се надевам дека така ќе продолжиме и напролет, истакна Андреевска.
За стручниот штаб приоритет до продолжението од сезоната ќе бидат добрите подготовки, а потоа и сериозен пристап кон натпреварите со цел потврдување на титулата есенски шампион и во пролетниот дел од сезоната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Изборен молк
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
-

Балканскиот рис исчезнува
