Македонија
1. November 2025 - 16:39
Балканскиот рис исчезнува
Балканскиот рис со години се бори за опстанок. Уништувањето на живеалиштата со инфраструктурни проекти и криволовот, а последните години и размножувањето во сродство се едни од заканите за негово исчезнување.
Екологистите алармираат дека неопходна е поголема заштита на овој загрозен вид кој е незаменлив дел од природното наследство на регионот.
Во Македонија има околу четириесеттина возрасни единки на Балкански рис од кои еден забележан и на Галичица , а на Балканот вкупно не повеќе од педесетина.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
