-->
-->
Женската ракометна репрезентација се подготвува за квалификацискиот турнир
-->
Женската ракометна репрезентација на Македонија ги одработува подготовките за претстојниот настап во квалификациите за Светското првенство 2017 година. Македонија се наоѓа во групата 3 заедно со селекциите на Австрија, Исланд и Фарските Острови (домаќин на групата).
Селекторот Симе Симовски тренинзите ги одржува во СЦ „Јане Сандански“, а репрезентацијата за Фарските Острови ќе замине во четврток од Скопје за Истанбул преку Копенхаген до Торшавн.
- Направена е стратегија со Ракометната федерација на Македонија и ќе се обидеме да направиме резултат. Се наоѓаме во интересна група, во која како фаворити се селекциите на Австрија и на Исланд, додека енигма ни е селекцијата на Фарските Острови за која немаме никаков видео материјал.
Во првото коло Македонија во петок (2 декември) игра со домаќинот Фарски Островски, следниот ден ривал е селекцијата на Австрија и во третото коло против Исланд.
Двете првопласирани селекции ќе играат во баражот за Мундијалот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони
-
Костадиновски: Уставниот суд е најнереформирана институција од независноста на Македонија
-
Ако маркетите драстично ги зголемат цените ќе следуваат поригорозни мерки
-
Спречен колапс на македонскиот електросистем за време на велигденските празници
-
Наставниците стравуваат дека ќе останат без работа со новиот закон за основно образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?