Македонија
2. November 2016 - 17:40

Жена прегазена кај Силбо, итно префрлена во болница

Попладнево пешак е прегазен на пешачкиот премин кај Силбо, јавуваат очевидци преку Фејсбук страницата „Ѕид на сообраќајниот срам“.

Според нив станува збор за жена која веднаш со возило на итната помош е префрлена во болница.

Се жалела на болки во нозете и колената.

 

Фото: Ѕид на сообраќајниот срам