-->
  
  
  
  
	-->
  
  Железничкиот сообраќај во прекин, машиновозачите чекаат средба со менаџментот на компанијата
  
-->
  
   Железничкиот сообраќај од вчера е во прекин поради бојкот на машиновозачите. Тие денеска очекуваат да се сретнат со менаџментот на претпријатието со цел да се најде решение за нивните барања.
Железничкиот сообраќај од вчера е во прекин поради бојкот на машиновозачите. Тие денеска очекуваат да се сретнат со менаџментот на претпријатието со цел да се најде решение за нивните барања.
– Сообраќајот сеуште е во прекин. Го чекаме состанокот во 11 часот. Ние сме тука и го чекаме менаџерскиот тим, изјави денеска за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во Железници на Република Македонија- Транспорт“.
Машиновозачите бараат да им биде исплатен вториот дел од платата за јуни, а најавуваат дека до УО на претпријатието и до Министерството за транспорт и врски ќе испратат допис во кој ќе побараат и исплата на надомест за квалитет.
Бојкотот започна вчера во 16 часот кога беше стопиран товарниот и патничкиот железнички сообраќај.
  
-->
  
  
  		
		-->
  
	
  
		-->
  
	Ново на Сител
-   
           Филипче: Гласајте по сопствено убедување
-   
           Серија проекти и мерки по изборите
-   
           Сиљановска: Жените да бидат вклучени во процесот на одлучување
-   
           Заплениети 130 килограми марихуана на Табановце
-   
           Неопходна е стратегија за спас на Преспанското езеро
-   
           Преглед на вестите од светот
-   
           Промовирано новото македонско вино - Волкано од Монтеко
-   
           Пораки и ветувања од кандидатите спроти изборниот молк утре на полноќ







