Железничкиот сообраќај во целосен прекин
Железничкиот товарен и патнички сообраќај е во целосен прекин поради протестот на вработени во Македонски железници АД Транспорт кои бараат исплата на вториот дел од октомвриската плата.
По блокадата на товарниот железнички транспорт што почна вчера попладне, од ноќеска на полноќ не сообраќаат ниту патничките возови.
- Тргнат е само утринскиот воз од Скопје за Гевгелија, од вработен што не го испочитува договореното, а на останатите релации не се одвива сообраќајот, изјави за МИА Душко Чакаровски, машиновозач во Македонски железници АД Транспорт.
Чакаровски вели дека протестот со блокада на сообраќајот ќе трае до исполнување на нивното барање. Како што тврди, од Владата им било речено дека ќе има средба, но првин да се нормализира сообраќајот што, за нив не било прифатливо.
Според изјавите на вработените вклучени во прекинот на железничкиот сообраќај, зад протестот не стојат синдикалните организации.
Менаџментот на МЖ Транспорт вчера преку соопштение информираше за прекинот на сообраќајот, истовремено соопштувајќи дека се работи на нормализирање на товарниот и патничкиот сообраќај.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи