Зголемувањето на казните за неносење маски, нема да даде ефект, смета Спасовски
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информира дека неколку пати досега е отворено прашањето за зголемување на казните за неносење маски, но смета дека тоа само по себе нема да даде ефект.
Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се зголемат казните за неносење маски со оглед на тоа што секојдневно се високи бројките за непочитување на оваа мерка, Спасовски истакна дека зголемувањето на бројот на казни, што во моментот се движат од 800 до 900 на ден, покажува дека имаме не почитување на овие додлуки, но се покажува и решеноста да истраеме во спроведувањето на одлуките.
– Не мислем дека само зголемувањето на казните ќе даде ефект. Некогаш е многу поважно ако треба и со помала казна, меѓутоа да се почитуваат тие мерки што ги имаме со поголеми контроли. Сметам дека малку и нивото на разбирање на сериозноста на состојбата со КОВИД-19 ќе не доведе уште повеќе да ги почитуваме мерките што ги предлагаат здравствените власти, а членовите на Влада ги носат одлуктие, со цел да ги заштитиме граѓаните, изјави министерот Спасовски, кој денеска учествуваше во хуманитарната акција во организација на Општина Гази Баба.
Во секоја кризна состојба, па и оваа со КОВИД-19, оцени Спасовски, превентивата и подигањето на јавната свест е најважната работа и затоа постојано се апелира до граѓаните.
– Многу е важно да ги почиуваме мерките и да разбериме дека се што се прави е за заштита на нашето здравје, на нашите семејства, на нашето опкружување, апелираше министерот за внатрешни работи Спасовски.
Ново на Сител
-
Силекс лидер во Првата македонска фудбалска лига
-
Одбрано новото раководство на СДСМ: Александар Димитријевиќ нов генерален секретар, избрани потпретседатели
-
Масовна тепачка во скопска кафеана за тоа кој да ја плати сметката
-
Крадец влегол во домот на скопјанец и украл парчиња накит, потоа го нападнал и сопственикот
-
Измамен 54-годишен за 730 илјади денари, му кажале дека има 15.000 долари заглавени во банка
-
Тешка сообраќајна несреќа на магистралата Гостивар – Кичево
-
Во Основниот суд во Куманово продолжи рочиштето против кумановскиот градоначалник Димитриевски
-
Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, смета претседателот на МАНУ