Зголемено користењето на електронските услуги во здравството
Вкупно 16.721 осигуреник досега ги искористиле електронските услуги во здравството.
Како што соопшти Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), најкористена електронска услуга е онаа за заверка на ортопедски помагала. Ја искористиле 13.412 осигуреници кои поднеле документи преку матичните лекари и лекарите специјалисти по електронски пат.
Од воведувањето на електронските услуги, поднесени се и 1.022 барања за БПО, 1.078 извештаи за спреченост при работа, како и 1.209 предлог-оценки на привремена спреченост за работа
- Придобивките од електронските услуги кои ги воведе Фондот за здравствено осигурување се бројни и за осигурениците и за фирмите и за здравствените работници, при што нема трошење време и финансиски средства за да се оди до подрачната служба на Фондот. Можноста за увид во сопствениот предмет, дали е позитивно или негативно решен и кога ќе биде извршена исплатата доколку се работи за рефундација на средства, е исто така една од бројните придобвки од електронските услуги, наведува ФЗОМ.
Фондот изготви и видео туторијали - краток водич за поедноставно и точно информирање околу потребните чекори за користење на електронската услуга. Објавени се на веб страницата http://www.fzo.org.mk/default.
- Фондот продолжува да работи на остварување на целта, е-Фонд, со цел осигурениците, овластените лица од компаниите, здравствените работници да добиваат ефикасна, навремена и професионална услуга кога им е потребна, стои во соопштението на ФЗОМ.
Ново на Сител
-
САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран
-
Рама: Обединувањето со Европа е пат со две ленти, 100 отсто сум убеден дека во оваа деценија ќе станеме дел од ЕУ
-
Мицкоски ќе учествува на 20. Европски самит во Салцбург
-
Координатор на ОН за Блискиот Исток: Кошмарот во Газа се засилува
-
Маск ќе подарува по милион долари дневно до изборите на некој што ќе ја потпише неговата петиција
-
Околу 100 ракети истрелани од Либан кон северен Израел
-
Израел го нападна штабот на разузнавањето на Хезболах во Бејрут
-
Маж од скопско ја нападнал својата 19-годишна ќерка