Скрининг или рана детекција на карцином на дојка
Превенцијата од малигни заболувања, конкретно од карцином на дојка, се здравите животни навики, а скринингот е рано откривање на болеста. Раната детекција значи намалување на смртноста и заштеда на пари при третманот на пациентите. Меѓутоа, одзивот на асимптоматските пациенти во термините предвидени за скрининг во Македонија е само 45% и е понизок во однос на останатите европски земји.
- Секој почеток е тежок и се надевам дека во наредниот период, според клиничките патеки што Националната комисија ги постави за начин на упаТување на пациентите, се повеќе асимптоматски пациенти ќе доаѓаат на скринингот и нема да остануваат празни термини кои што за жал никој не ги пополнува, а пациентите кои им треба чекаат за преглед или неправилно се упатуваат во кабинетите за дијагностичка мамографија, изјави Јасмина Чабуковска, Национална комисија за рана детекција на рак на дојка
Според востановената пракса, пациентките посебно одеа на мамографија, па се враќаa кај матичниот лекар за упат за ултрасонографија, а сега се поделени на асимптоматски и симптоматски.
- Сите асимптоматск пациенти на возраст од 40 до 69 години одат во скрининг програмата и немаат потреба да се пријават во кабинетот за дојка. На тој начин се растеретува кабинетот, а термините се резервирани за дијагностичка мамографија, што значи за пацеинти со симптоми или за оперирани пациентки. Така, овие пациенти треба да влезат во системот и во рок од 2 недели да си го добијат својот термин, додаде Чабуковска
За правилно закажување на пациентите и да нема такви листи на чекање како што имаше досега, Чабуковска побара поддршка од матичните лекари и системот на службата „Мој термин“.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар