Зголемена фреквенција на возила на Табановце за влез и Богородица за излез од државата
На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, но во раните утрински часови не се бележат подолги задржувања. Исто и на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се
однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки
товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: петок од 15:00 – 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години