-->
-->
Зголемен водостојот на реките Брегалница, Кочанска и Оризарска
-->
Водостојот на реките Брегалница, Кочанска и Оризарска кои минуваат низ Кочанската котлина се зголемува, и на места се излеани од своите корита.
Оризарска река на две места е излеана и тоа под селото Оризари и кај село Грдовци, при што се поплавени дваесетина хектари земјоделски површини.
- Како општински центар за кризи постојано ја следиме состојбата со водостојот на реките. Моментно е излеана и реката Брегалница кај мостот кој го поврзува Облешево со село Теранци. Овој патен правец е во прекин четврти ден, а денеска жителите од Теранци до Облешево се пренесуваа со трактори, изјави Благој Николов, раководител на Центарот за управување со кризи на Кочани.
Две машини на Центарот, истакна Николов, се на терен и работат на расчистување на коритата на Кочанска и Оризарска река.
- Инаку, се уште е во прекин и патниот правец од село Долни Подлог до село Облешево пред Кочанска Река поради прокопаниот коловоз за што е направен канал за одводнување на надојдената атмосверска вода од поплавените површини, вели Николов.
Директорот на Водостопанство Брегалница од Кочани Николчо Гоцев потенцира дека водостојот на Река Брегалница која се влева во акумулацијата Калиманци е зголемен. Дотокот во акумулацијата изнесува 67 метри кубни во секунда. Браната е на прелив со 49 метри кубни вода. Во акумулацијата Градче крај Кочани дотокот изнесува 4,8 метри кубни, а од акумулацијата истекуваат 7 метри кубни вода во секунда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете
-
Маск: УСАИД финансирал истражување за биолошко оружје, вклучително и Ковид-19
-
Санкционирани 147 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
-
Земјотрес од 4,9 степени во близина на Санторини-порака од 112 до жителите на островот
-
Сообраќајна несреќа на патот Виница - с.Смојмирово, 5 повредени и едно лице со тешки телесни повреди
-
Им давала на децата да пробаат електронска цигара, oсудителна пресуда против негувателка од Велес
-
Коцевски: Обвинителството ќе постапи професионално во случајот со Фросина Кулакова, делумно се во право граѓаните дека системот е виновен
-
Државниот инспекторат за животна средина лани спровел над 1535 инспекциски надзори, утврдени 300 неправилности